contact@preventa.mk
+389 2 6090 669

За нас

Превента за насмевка која зрачи самодоверба

 

   Секоја личност сама ја гради сопствената среќа. Онаа возвишена состојба, која во себе проткајува низа атомизирани сегменти, иако секој од нив посебно значаен, сепак многу важен за комплетна среќа. Мозаикот на среќата е различен за секого, составен од палета на многу здравје, многу пари, многу патувања, многу мир и благосостојба, многу пријатели, многу ... Сепак, во оваа палета разновидни парчиња среќа, заедничко за сите луѓе на Планетава, е здравјето.

Може да имате се на овој свет, но доколку немате здравје, тогаш ништо не е вредно. Размислете и за обратната состојба – може да имате здравје и ништо материјално и повторно, да бидете среќни.

   Затоа, како тим, здружени во млада македонска компанија со сериозно професионално искуство, одлучивме да се грижиме за Вашето дентално здравје. Тоа, навидум, е помало атомче од здравјето, но е суштински важно за негово одржување. Здравите заби, генерално, ја рефлектираат врвната грижа за Вашето здравје кое „влегува“ преку устата. Токму наша генерална водилка како тим стоматолози и здравствени работници е да создадеме нација со здрави заби и насмевка која зрачи со самодоверба.

   Се фокусираме на професионална едукација на колегите стоматолози за сите (технолошки) достигнувања во денталната област. Ги едуцираме и овозможуваме да имаат пристап до производи за едноставна, за практична и за ефикасна заштита на забите. Превента е систем кој помага стоматолозите да бидат во контакт со најновите светски производи и да добијат едукација за тоа што гарантира трајност во изработките. Да ја користат моќта на природата против забните болести, како што се гингивит, парадентозата, дентален плак, цврсти наслаги, зголемената киселост и лошиот здив.

   Се фокусираме и на граѓаните. Наша примарна задача е тие да бидат наши клиенти, а не наши пациенти. Тргнувајќи од оваа премиса, Превента вложува во превентивни природни методи и технолошки средства. Тимот на Превента создава вредности кои траат. И за тоа е потребно многу знаење, искуство, љубов, работа. Квалитетот и задоволните пациенти се на пиедесталот на компаниската култура. Создаденото има употребна и максимално, естетка вредност и не се разликува од природната забна супстанца.

 

   Ние го застапуваме јапонскиот бренд на четки за заби „Мизуха“, кои се користат без паста за заби. Со најновата технологија на влакна со природна керамика natural ceramics се добива силно чувство на чистота и ефект на полирани заби. Пациентите сами може да си помогнат и да се едуцираат против болестите на забите.

   Колегите стоматолози, исто така благодарение на технолошкиот развој, многу полесно може да прават третмани кај пациентите. Имено, новата апаратура на абразија со воздух овозможува самостојно отстранување на кариес од забот, односно апаратот сам го наоѓа заболеното место и го отстранува, без притоа да посегне по здравото ткиво на забот. На овој начин, пациентот не чувствува болка и се превенира појава на секундарен кариес.

   Нашите колеги, од партнерската стоматолошка ординација „Д-р Бабамова“ веќе работат со оваа апаратура на безболен третман на забните болести кај пациентите и своето искуство го пренесуваат на другите колеги.

   Продолжуваме со реализација на нашата визија и мисија: да создаваме трајни вредности и задоволни пациенти. Се повеќе настојуваме да го оправдаме коментарот на еден наш пациент дека „вашите пломби се совршени како египетски пирамиди“.

   Ве покануваме да уживате со услугите на Превента...

   Ви благодариме....

 

КОНТАКТ

Булевар Јане Сандански бр. 61/1

1000 Скопје, Македонија

Тел.: +389 2 6090 669

e-mail: contact@preventa.mk