contact@preventa.mk
+389 2 6090 669

Кориснички сервис

 

Услови и Правила за користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на нашата интернет продавница.

 

Правила за корисници

Цените во оваа Интернет Продавницасе изразени во денари со вклучен ДДВ и се конечни во моментот на нарачката.

Превента го задржува правото да врши промена на цените без предходна најава.

  • Информации за испорака

Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани преку курирска/доставна служба. Истите ке ви бидат испорачани  во период од 1 до 3 работни дена од денот на нарачката во зависност од вашата локација, на вашата домашна адреса или во локална пошта. (Во исклучителни околности кои не зависат од нас, доколку е потребно повеќе време за испорака, навремено ќе бидете известени). Ќе бидете исконтактирани од доставната служба за да се договорите околу превземање на пратката. Цената на доставата е 100 денари. Доставата се врши до сите градови низ Македонија. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат во моментот на прием на нарачка, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.

Производот кој не Ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на превземање. На истиот имате право на замена со друг,  тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригинално пакување, со приложена фактура (фискална сметка) во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарината се на Ваша сметка.

Правило на Интернет Продавницата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски. Императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во Вашиот регион) за да се договорите околу преземањето на истата.

  • Употреба и чување на лични податоци

Личните податоци се информациите кои ве карактеризираат Вас, на пр. Вашето има, Вашата адреса, и сл. Превента ќе ги употреби Вашите лични податоци ислучително за испорака и наплата на Вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со Вас. Превента во целост ја почитува доверливоста на Вашите лични податоци.

Превента им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Превента без дозвола од нивните родители или старатели. Превента никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

  • Безбедност

Превента се грижи да ја овозможи безбедноста на Вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

  • Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштита на личните податоци.